СОНК најави протест и генерален штрајк, учебната година нема да почне навреме?
СОНК најавува генерален штрајк во образованието од први септември. Во денеска испратеното соопштение до медиумите од синдикатот најавуваат и протест што ќе се одржи пред Министерството за образование. Еве што се вели во соопштението:
Советот и Претседателството на СОНК на нова вонредна седница одржана на 25-07-2014 година, расправајќи за најактуелните состојби во образованието, науката и културата, а со посебен осврт за штрајкот со глад на тројцата професори од УГД -Штип и инертниот однос на надлежните во врска со овој случај, одлучи:
- Штрајкот со глад на членовите на Советот и Претседателството, во знак на синдикална и човечка солидарност, продолжува и понатаму;
- На 1-ви август оваа година, СОНК ќе организира јавен протест пред Министерството за образование и наука.
- Доколку итно не се разрешат состојбите со професорите од УГД- Штип и Барањата од Советот на СОНК од крајот на јуни оваа година до надлежните министерства, Советот на СОНК на седница која ќе се одржи во првата половина на месец август, а по претходна расправа во регионалните одбори и синдикалните организации на СОНК, најавува донесување на Одлука за стапување во генерален штрајк на образованието, науката и културата, започнувајќи од 1-ви септември оваа година.
За причините за организирање на јавниот протест и за најавениот генерален штрајк, на 29-07-2014 година ( вторник) Претседателството на СОНК ќе организира Прес-конференција.
Слично
