Економија, финансии, бизнис

Контакт

СОНК на протест – просветарите против сите проблеми во образовниот сектор

СОНК на протест – просветарите против сите проблеми во образовниот сектор
Симболично во 5 до 12 започна најавениот протест на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) на која вработените во образовниот сектор го искажаа своето незадоволство и револт од состојбите во образованието. Околу 1.000 членa на СОНК од Скопје, но и од останатите делови во Македонија, протестираа поради игнорирањето на институциите врз образовниот кадар кој во повеќе наврати алармира и официјално побара да се регулира моделот на екстерно тестирање, платите на просветните работници, како и постојаните инспекциски контроли од кои не можат да си ја вршат својата работа. ФОТО: Бриф Помеѓу штрајкувачите беа и тројцата професори од Економскиот факултет на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ кои три недели штрајкуваат со глад затоа што наспроти исполнетите критериуми не им се овозможува напредок во кариерата и избор во повисоко звање. ФОТО: Нова ТВ Со свирежи и извикување пароли демонстрантите го искажаа своето незадоволство и побараа подобрување на состојбите во образованието. Протестот денеска траеше 10-тина минути пред зградата на Министерството за образование и наука, а СОНК најави дека доколку барањата не им се исполнат, ќе повикаат на генерален штрајк во образованието кој од 1 септември може да го одложи стартот на учебната година. Претходно, почесниот претседател на Синдикатот Дојчин Цветановски за Фактор изјави дека членството се соочувало со силни притисоци да не излезе на протест, а автобусите иако договорени во последен момент им го откажувале превозот на синдикалците кон Скопје.
 ДОКУМЕНТИ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ШТИП: Што пишува во рецензиите за тројцата професори?
Слично

Поврзани вести