Економија, финансии, бизнис

Контакт

СОНК: На наставниците им се бараат потпишани изјави дека нема да штрајкуваат

СОНК: На наставниците им се бараат потпишани изјави дека нема да штрајкуваат
На неколку дена пред штрајкот во образованието, закажан за в понеделник, Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) се жали на притисоци од властите со цел да се спречи изразот на работничко незадоволство. Првиот човек на СОНК Јаким Неделков тврди дека од наставниците се бара да потпишат изјави со кои потврдуваат дека в понеделник нема да излезат на штрајк. „Доколку не потпишат изјави, им се закануваат со казни од 1.000 евра. Навистина не знам според кој закон се овие казни. Притисоците не престануваат, дури се и поинтензивни и понагласени“, вели Неделков. Министерот за образование Абдилаќим Адеми демантира дека властите вршат притисок за неодржување на штрајкот. Сепак е категоричен дека в понеделник настава ќе има, а општините ќе треба да обезбедат спроведување на новите законски решенија со кои се овозможува ангажирање на привремени наставници за замена на штрајкувачите. Тој апелира до родителите да ги пуштат децата на настава, затоа што и за нив во спротивно следуваат казни. „Законот за основно и средно образование дефинира дека основното и средното образование се задолжителни, мора да се исполнат 180 работни дена во образованието. Сега-засега не можеме да зборуваме за замена на наставниците во образованието, затоа што не знаеме дали воопшто ќе се одвива штрајкот в понеделник и доколку има штрајк, колкав ќе биде бројот на наставниците кои ќе штрајкуваат“, вели Адеми.
Слично

Поврзани вести