Економија, финансии, бизнис

Контакт

СОНК на Јаким Неделков нема да учествува на работничкиот протест на 1 мај

СОНК на Јаким Неделков нема да учествува на работничкиот протест на 1 мај

По денешната објава, превземена од социјалните мрежи, во која СОНК се наведува како дел од организациите што го поддржуваат најавениот првомајски протест, Сојузот на синдикати на образованието, науката и културата на РМ (СОНК) испраќа демант.

СОНК информира дека не делува во рамките на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и дека нема донесено никаква одлука за учество или поддршка на најавениот протест на 1 мај.

Поради тоа, ја демантираме објавената информација во делот во кој СОНК е наведен како учесник или поддржувач на настанот.


Слично

Поврзани вести