СОНК ќе штрајкува ама без поддршка од другите синдикати од КСС
Синдикатот за образование, наука и култура останува на најавите за генерален штрајк в понеделник, но притоа нема да ја има поддршката на пожарникарите, земјоделците и поштарите, кои се членови на истата Конфедерација на слободни синдикати (КСС).
Тие денедска се изјаснија дека нема да се приклучат на протестот, бидејќи заради штрајкот најголема штета ќе претрпат учениците и целокупниот образовен процес. Слично како и Владата, сметаат дека целта на штрајкот е раководството на СОНК да ги задржи своите позиции.
Претседателот на СОНК Јаким Неделков е категоричен дека и без оваа поддршка генералниот штрајк на просветните работници ќе се одржи во закажаниот термин на 29 септември.
Слично
