Економија, финансии, бизнис

Контакт

СОНК ќе се жали до меѓународни институции, Иванов веќе ги потпиша изменетите закони за образование

СОНК ќе се жали до меѓународни институции, Иванов веќе ги потпиша изменетите закони за образование
Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) најави дека ќе ги извести меѓународните институции за труд за најновите измени во законите за основно и средно образование, со кои се воведува можноста наставниците за време на штрајк да се заменат со „резервни“. Според претседателот на СОНК Јаким Неделков, станува збор за небулозни измени заради кои Македонија ќе трпи сериозни последици. „Дали родителите ќе останат глуви на овие случувања? Дали ќе им ги препуштат децата на резервни наставници кои не знаат ништо за нивните деца?“, вели Неделков за Телма. И покрај законските измени, тој најавува дека одлуката за штрајк во образованието ќе биде донесена до крајот на неделава, а штрајкот како што беше претходно најавено ќе се одржи на 29 септември. Иако синдикалецот го повикува шефот на државата Ѓорге Иванов да не ги потпишува изменетите закони, сепак Иванов за помалку од 24 часа откако беа изгласани во Собранието стави потпис на новите законски решенија. Законските измени Собранието вчера ги донесе по скратена постапка, а во еден ден ја поминаа и комисиската и расправата на пленарна собраниска седница.
Слично

Поврзани вести