Економија, финансии, бизнис

Контакт

СОНК ја одложи одлуката за генерален штрајк

СОНК ја одложи одлуката за генерален штрајк
Синдикатот за образование наука и култура одлучи да го одложи донесувањето на одлуката за генералешн штрајк за следната вонредна седница, која ќе се одржи идната недела. Ваквата одлука се носи со цел Синдикатот да ги преземе сите легални и легитимни средства да се спречи донесувањето на најавените измени во законот за основно образование и законот за средно образование во делот на штрајкот, сти во заклучоците. Имено, штрајкот на СОНК беше најавен за 29 септември, но во меѓувреме Владата по скратена постапка во Собрание достави законски измени на клучните законски одредби кои го регулираат штрајкот во образованието. „Во случај на прекин на воспитно-образовната работа заради штрајк, директорот на основното/средното училиште, по претходна согласност од градоначалникот, а за државните основни/средни училишта од министерот, е должен да го обезбеди остварувањето на воспитно-образовната работа со замена на вработените кои штрајкуваат, за време додека трае штрајкот“, стои во законските измени што се предлагаат. СОНК со големо жалење и вчудоневиденост констатира дека овој потег за воведување на т.н. „резервни наставници“ е без преседан во синдикалното организирање и синдикалните слободи. Синдикатот бара од Владата веднаш да се прекине постапката за изменување на законите во спротивно ќе ги информира сите меѓународни организации. На најавената наредна вонредна седница, СОНК ќе донесе и други мерки со цел да се спречи ваквиот невиден упад во слободата на синдикалните права на вработените во основното и средното образование, се наведува во заклучоците од Советот на СОНК. Со најавениот штрајк, СОНК бара да запре процесот на оценување на наставниците преку екстерното тестирање, да се зголемат платите во детските градинки, но и во дејностите образование,наука и култура, а проблематични се и законите за основно и средно образование, за кои бараат да се преразгледаат во делот на казнените одредби.
Слично

Поврзани вести