СОНК го прекина штрајкот – нема казни за екстерно, но ни поголеми плати за наставниците
Наставата во сите основни и средни училишта денеска се одвива нормално, откако претставниците на СОНК и Министерството за образование постигнаа прифатлив компромис за прашањата поради кои наставниците штрајкуваа.
СОНК сношти соопшти дека го прекинува штрајкот, но не откри конкретни детали што е договорено со Министерството. Неофицијално се дознава дека казните за екстерниот испит за наставниците се одложуваат за следната година, стопирани се досега изречените казни, а неизвесно е до кога е одложено зголемувањето на платите за 25 отсто, што го бараше СОНК. Двете страни информираат дека преговорите продолжуваат. Штрајкот почна на 20 јануари.
Слично
