СОНК го одби предлогот на Адеми да го запрат штрајкот, па да преговараат
СОНК ќе штрајкува сѐ додека не почнат преговори со Министерството за образование, одговори синдикалната организација на предлогот на министерот за образование, наука и култура Абдулаќим Адеми дека се спремни за преговори откако ќе прекине штрајкот.
„За нас е неприфатлива понудата на министерот за образование за прекин на штрајкот и почнување на преговори. Таквата понуда е против Уставот и против меѓународните конвенции за правото на штрајк“, велат од СОНК.
Министерот Адеми во интервју за ТВ Алсат-М изјави дека Министерството е подготвено да разговара со СОНК кога ќе го прекинат штрајкот.
„Ние сме отворени за разговор со СОНК за сите теми за кои тие сметаат дека треба да се разговара, но треба да имаме во предвид дека во услови на штрајк не може да има разговори бидејќи тогаш има атмосфера на притисок во која не може да се разговара. Се надевам дека раководството на СОНК ќе донесе одлука за прекин на штрајкот и со тоа да му дадат можност на конструктивниот дијалог“, рече министерот Адеми.
Слично
