Економија, финансии, бизнис

Контакт

СОНК денеска се приклучува на штрајкот со глад, Адеми најави прес конференција!

СОНК денеска се приклучува на штрајкот со глад, Адеми најави прес конференција!
СОНК најави дека од денеска ќе се приклучи на штрајкот на глад со професорите, кои се без храна веќе 8 денови. Синдикатот на образованието во 11 часот на отворена седница ќе ја изложи својата стратегија, во оби да се натера УГД Штип да постапи по решението на Државниот просветен инспекторат кој нареди професорите во рок од 8 дена да бидат избрани во повисоки звања. Но, Ректорот Митрев, преку портпаролот на УГД за Телма изјави дека нема намера да постапи пред 7 август, затоа што биле на колективен одмор. По одлуката на ДПИ ќе постапат откако сите ќе се вратат  на работните места, а тоа ќе биде по 7ми август. Се очекува денеска со свој став за случајот да се јави Министерот за образование Абдулаќим Адеми, кој досега веќе еднаш побара од ректоратот да постапи по решението. Најави и санкции доколку случајно се изигра решението на ДПИ. Наставничкиот совет на економскиот факултет при УГД Штип, предводен од деканот Ристо Фотов во незаконска постапка не ги избра тројцата професори во повисоки звања. По ова тројцата професори поднесоа претставки до надлежните институции и го почнаа штрајкот со глад, во обид да си ги остварат своите права загарантирани со уставот. Поддршка, освен од СОНК, добија и од академската фела и од студентите.
Слично

Поврзани вести