Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сони продолжува да отпушта работници

Сони продолжува да отпушта работници
Компанијата Сони го скратува персоналот во седиштето за една петтина, а најави и дека ќе ја затвори фабриката за производство на леќи на фотоапарати и мобилни телефони во Јапонија, пренесува CNBC. Новата серија отпуштања е дел од планот за реструктуирање на јапонската компанија, кој предвидува кратење на 10 илјади вработени низ целиот свет. Од Сони прецизираат дека само од седиштето на компанијата и фабриката во Јапонија ќе бидат отпуштени 2 илјади лица. Во Европа треба да бидат скратени уште околу 2 илјади работни места. Останатите 6 илјади лица персонал ќе се намалуваат од нејзините филијали во остатокот од светот. Производителот на Плеј Стејшн и Бравиа очекува со преструктуирањата да се заштедат 30 милијарди јени (378,6 милиони долари) годишно, со кои ќе се покријат тешките загуби од производството на телевизори и електроника.
Слично

Поврзани вести