Сончев и топол ден, температури над 30 степени
Денес не очекува топло време со задржување на високите температури над 30-от степен со периодична облачност. Утринските температури ќе бидат во интервалот од 8 до 17 а највисоката дневна температура од 27 до 34 степени.
Максималната температура долж Повардарието ќе биде во границите од 31 до 34 Целзиусови степени, а во останатите региони од земјата меѓу 24 и 29 степени. Во Скопје и околината максималната температура се очекува до достигне 32 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб северен ветер. Температурите ќе се движат од 16 до 32 степена. Во вторник ќе влеземе во фаза на нова временска нестабилност.
Слично
