Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Сончев град“ ќе почне да се гради дури следната година

„Сончев град“ ќе почне да се гради дури следната година

Есер Џевахир, инвеститорот на „Сончев град“ изјави дека елитната населба на Водно ќе започне да се гради следната година.

- Она што досега е извршено е еден милион метри кубни ископ. Можам да кажам дека  се направени првичните подговотвки на земјиштето на кое што се наоѓаме за започнување со работа и изградени се патиштата за движење во парцелата. Планираме да започнеме во првата половина на 2020 година - истакна инвеститорот на прашањето на „24 Инфо“ до каде е проектот кој треба да се реализира крај Сопиште, а за расчистување на теренот беше исечена огромна површина на шума.

Долгонајавуваниот елитен  комплекс Сончев град, прво ќе добие една станбена зграда и 75 луксузни куќи кои според проектот ќе имаат наjмалку три ката. Во тек се подготвителни работи околу стартот на градежните активности, се пробиваат мали споредни улици во населбата, а регионалниот пат во должина од 4,5 километри за поврзување на Скопје со Сончев град, треба да се заврши следната година. Министерството за транспорт и врски веќе распиша тендер за изградба на канализација.

Инвеститор на елитната населба е турската компанија „Џевахир холдинг”, која  ги гради и висококатниците во населбата Аеродром. Сончев град ќе опфаќа површина од 85 хектари, а „Џевахир холдинг”  има обврска на 51 отсто од парцелата за населбата да изгради куќи.

Слично

Поврзани вести