Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сомнителната економска моќ на Кина

Сомнителната економска моќ на Кина
Според прогнозите на Светската банка наскоро кинеската економија ќе ја надмине онаа на САД во однос на индикаторот паритет на куповната моќ. Преку индикаторот се елиминира влијанието на различните цена во националните економии и се изедначува куповната сила на националните валути кон дадена единствена валута. Во случајот со СБ тоа е т. Нар. Меѓународен долар. Сепак според зборовите на професорот на Харвард и автор на концептот за "меката сила" во меѓународната политика Џозеф Нај со слична проценка на ситуацијата не ја одразува сосема коректно позицијата на кинеската економија во светот. Според експертот иако мерењето на ППС помага до одреден степен да се спореди адекватно ниво на благосостојба во различните земји, тоа значително влијае врз населението. Ако измериме Индија - десетта по големина економија во светот, во согласност со пазарниот девизен курс на американскиот долар и индиската рупија, таа ќе е третата по големина врз основа на ППС. Важно е да се напомене дека вкупниот износ на економијата е клучен аспект на развојот на земјите. Кина е привлечен пазар и е најголемиот трговски партнер на многу земји - важен извор на економски лостови, кој кинеските лидери не се плашат да ги користат. Но, дури и ако Кина ги надмине САД по БДП, економиите на овие две земји ќе продолжат да работат врз основа на сосема различни структури. Пример е фактот дека приходот по глава на жител во Кина - можеби е најточен показател за економски развој, се само 20% од оние во САД. Со други зборови, ќе потрае барем неколку децении, додека оваа империја всушност се израмни или ја надмине САД. Ако воопшто некогаш се случи, се разбира. Да не зборуваме дека на Кина продолжуваат да и недостигаат и силните меѓународни брендови, кои често се појавуваат како мотори за држави како САД и Германија. Всушност 17 од првите 25 глобални брендови се американски, наведува Џозеф Нај. Друг интересен факт: иако Пекинг се обидува да ја зголеми својата финансиска сила, охрабрувајќи меѓународното користење на јуанот, трговијата со кинеските пари сеуште претставува само 9% од вкупната монетарна размена во светот. Уделот на доларот е 81%. Економските разлики меѓу Кина и САД се применуваат исто така и за пазарот на технологии. Независно од некои значајни достигнувања, Кина се потпира на копирање на странски пронајдоци наместо на внатрешните иновации. Иако империјата произведува повеќе патенти од било кога, бројот на иновативните пронајдоци всушност е мал. На пример само за десетиците, ако не и стотици, аматерски копии на iPhone. Се очекува во наредните децении растот на БДП на Кина да се забави, бидејќи земјата ќе направи неизбежно - постепено отворање на економијата. На крајот на краиштата земјата не може да се потпре засекогаш на увозни технологии и евтина работна сила, за да се одржи постојан вештачки раст на економијата. Се очекува во наредните децении растот на БДП на Кина да се забави, бидејќи земјата ќе направи неизбежно - постепено отворање на економијата. На крајот на краиштата земјата не може да се потпре засекогаш на увозни технологии и евтина работна сила, за да се одржи постојан вештачки раст на економијата. Останува да се види дали Кина ќе успее да развие систем за континуирана контрола на проширувањето со средна класа, да се соочи со регионалните разлики и етничките раздори. Во секој случај тоа значи дека вкупниот БДП - независно од начинот на кој се мери, е недоволен за да се заклучи дека кинеската економска моќ ја надминува онаа на САД. К.К.  
Слично

Поврзани вести