Економија, финансии, бизнис

Контакт

СОЛЗАВЕЦ И ПУКАЊЕ ВО ВОЗДУХ: Нови нереди на границата со Грција

СОЛЗАВЕЦ И ПУКАЊЕ ВО ВОЗДУХ: Нови нереди на границата со Грција
Полицијата фрли солзавец на неколку стотици пакистански мигранти кои се обидоа да влезат во земјава од Грција, барајќи премин кон богатите држави на северна Европа. До нередите дошло бидејќи за околу 200 луѓе е забранет влезот во земјава, кои потоа тргнале да одат неколку километри долж новоподигнатата ограда на границата, барајќи алтернативен премин. Полицијата исфрли солзавец како би ги потиснала мигрантите, а еден полицаец пукал во воздух во знак на предупредување. Околу 1500 Пакистанци, Мароканци и Иранци со недели се наоѓаат на ничија земја помеѓу Грција и Македонија, откако надлежните го ограничија преминот во северна Европа само за Сиријци, Иранчани и Авганистанци, кои се сметаат за воени бегалци. Лицата со други националности се означени како економски мигранти и им е кажано да се вратат, што беше повод за бројни протести. Грчкиот министер за миграции Јанис Музалас изјавил дека грчката влада се обидува да ги убеди мигрантите кои се наоѓаат на границата да дојдат во Атина и да побараат азил во Грција, наведувајќи дека за нив постои сместување. Тој рекол дека неговата држава се нашла под „интензивен притосок на некоии држави членки на ЕУ кои погрешно веруваат дека приливот бегалци може да биде контролиран од Грција“. Некои од мигрантите на грчко-македонската граница рекле на грчките власти дека се спремни да се вратат во нивните земји на потекло , но пакистанската влада не одговара на нивните барања за нивен прием, а Меѓународната организација за миграција нема финансии да ги врати во татковината.
 
Слично

Поврзани вести