Солза Грчева се „двоуми“ за мандатот?!
Солза Грчева после информациите дека добила службен лап-топ и мобилен телефон, истите ги демантира.
Имено таа се`уште размислува дали да го напушти собранието и не го прифаќа бојкотот од страна на раководството на СДСМ, додавајќи:
- Јас со крвава работа во советот ја добив честа да бидам на пратеничката листа на опозицискиот блок. До последен момент, до среда кога конечно треба да ни биде верификувано враќањето на мандатот ќе бидам гласна дека овој бојкот што го предложи раководството за мене не е прифатлив и сметам дека поинаку треба да ја водиме борбата за уривање на власта. Ќе размислувам до последен момент, и како ќе продолжам ќе биде моја одлука – вели Грчева и нагласува дека таа со изборот од граѓаните добила мандат да биде нивен преставник во законодавниот дом и дека има обврска кон нив, пишува Либертас.
Грчева тврди дека осветн нејзе, плата за месец мај добиле сите пратеници освен Шилегов, Локвенец и уште еден бизнисмен од НСДП.
Праетеничката до среда ќе размислува дали ќе го прифати мандатот или одлуката на партијата за бојкот.
