Солунските ултраси и натаму провоцираат
На вечерашниот натпревар од Лигата на шампиони помеѓу Паок и Бенфика солунските ултраси повторно го истакнаа неминовниот провокативен транспарент со содржина „Македонија е една и е тука“.
Ваква порака не е прв пат да биде испратена од Солун на спортски натпревар.
Овој транспарент стои речиси на секој првенствен натпревар на стадионот „Тумба“ во Солун, а веќе извесно време без проблем стои и за време на еврокуповите. Според правилникот на УЕФА истакнување на било какви пароли и знамиња со политичка конотација е забрането и казниво.Паок е елиминиран од Бенфика по поразот од 1-4 на домашен терен.
Слично
