Економија, финансии, бизнис

Контакт

Солунските трговци нема да дојдат со Ципрас во Скопје

Солунските трговци нема да дојдат со Ципрас во Скопје

Комората на трговци од Солун нема да учествува во големата делегација на бизнисмени што грчкиот премиер Алексис Ципрас планира да ја доведе во Скопје.

Од таму одговориле негативно на поканата, а одлуката ја донеле на состанокот на извршниот комитет.  Ципрас го најави своето прво доаѓање во Скопје откако Македонија го промени своето уставно име, а се очекува тоа да биде на почетокот од април.

- Одговарам до „Enterprise Greece“ што ја координира делегацијата, дека Комората на трговци од Солун одлучи да не учествува во никаква активност што се поврзува со соседната земја, се додека користи има што не ѝ припаѓа. Прашањето беше тема на последниот состанок на извршниот комитет, чии членови едногласно одлучија дека комората го прави ова во знак на протест и реакција кон политиката што не го изразува грчкиот народ - одговорил претседателот на комората Михалис Зорпидис.


Слично

Поврзани вести