Економија, финансии, бизнис

Контакт

Солунчев:Во последните 10 години има девалвација во сите сфери

Солунчев:Во последните 10 години има девалвација во сите сфери

Мојот народ ја изгуби вистинољубивост и е на граница да се ничкоса на потчовечко суштество, вели професор Ристо Солунчев во неделното интервју на Радио Слободна Европа. 

На, прашањето, кој е виновен за поделеноста на општеството по сите основи, пред сè на етнички и на политички план, Солунчев вели дека тоа е проблемот на сè уште неоформената физиономија на овој народ.

„Овде зборувам Македонци не само во етничка смисла, туку зборувам за цела една заедница што припаѓа на една држава што се нарекува Македонија. Таа физиономија мислам дека сè уште не е оформена и вториот момент е системот на политичките партии, оти ми се чини дека релативизацијата не води кон ништо, затоа што политичките партии се исти на нивото кога се политички партии. Во оној момент кога една политичка партија ќе ја освои власта, таа веќе станува власт. Затоа не може да се каже дека власта е иста со опозицијата. Тоа е една опасна релативизација и опасна теза, затоа што на крајот на краиштата во еден миг кога политичката партија станува власт, таа станува моќ, значи апсолутна моќ и сите системи на една држава се во нејзини раце. Значи, ако констатирате дека во Македонија во последните 10 години има девалвација на образование, на судство и просто во сите сфери, одговорноста паѓа на оној што ја држи власта, бидејќи опозицијата тука не може никако да влијае“ - вели тој.

Тој вели дека ако се врзувате за АСНОМ, вие сте предавници, а ако се врзувате само за ВМРО, само тогаш имате некаква вредност. Тоа е една идеологија, којашто во основа апсолутно не знае историски да мисли. Затоа може да се случи да се мешаат Делчев и Александар Македонски. Тоа е можно само врз еден митолошки систем на нарација, да ги мешате Делчев и Александар Македонски, додава Солунчев.

Слично

Поврзани вести