,,Солидарност” : Неопходен е нов изборен систем за да се стави крај на ,,погубната политика”
Левичарското движење ,,Солидарност" бара да се создаде нов изборен модел бидејќи како што вели, досегашниот систем ги фаворизира големите партии и ја продолжува ,,погубната политика" на Македонија
„Следните месеци ќе бидат пресудни за нивната изградба, а таа изградба мора да биде транспарентна, вклучувачка и легитимна, а не предмeт на пазарања на ВМРО–ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА! Праксата на договарање решенија зад затворени врати во изминативе години се покажа како поразителна за демократијата, штетна за стабилноста и несоодветна за интересите на мнозинството граѓан(к)и. Единствени кои профитираат од ваквата пракса се четирите големи партии и нивните лидерства.
Во овој период, алармирани од можноста повторно да се организираат избори кои само ќе ја продолжат погубната политика и ќе го зацементираат хибридниот режим, тим на „Солидарност“ во соработка со надворешни експерти работи на изготвување детална студија со конкретни барања и предлози за промена на моделот во интерес на големиот број непретставени граѓан(к)и. Ние на овој процес гледаме со посебна сериозност, затоа што од него директно зависи (ре)демократизацијата на Македонија."- се вели во соопштението.
Левичарското движење вели дека овој избирачки систем е наклонет кон големите политчки партии, со што малите политички партии најчесто завршуваат претопени во коалиција, како единствен начин да имаат свои претставници во Собранието.
,,Ова е погубно за плуралитетот на мислења, како и за претставеноста на гласот и интересите на голем дел од граѓан(к)ите кои не се поддржувачи на една од големите партии. Монополизацијата на политичкиот простор од големите партии придонесува кон негувањето на политички клиентелизам и целосната партизација на институциите и општеството." - стои во соопштението.
Левичарското движење апелира дека е неопходно и ослободување на јавниот сервис, за да се обезбеди простор за задолжителни ТВ дебати со претставниците на сите партии и граѓански листи.
Слично
