Солидарност: Наместо за 100.000, отпис на долгови за само 4.600 социјалци
Само мал број на граѓани ги исполнуваат условите за еднократно отпишување на долговите, зашто воведените критериуми се престроги, предупредува левичарското движење „Солидарност“. Според нив нема услови од отпишувањето на долгови да профитираат од 50 до 100 илјади граѓани како што најавувала Владата.
Тие обвинуваат дека наместо системски мерки за намалување на сиромаштијата Владата превземала маркетиншка кампања со која сака да се промовира во пранител на правата на социјалните случаи и невработени лица.
„Министерството за финансии објави дека досега се реализирани само 4.670 барања. И дека од пријавените 41.765 само секој деветти добил позитивен одговор. Посебно внимание заслужува и следниот податок. За отпишување на долговите потрошени се 430 милиони денари, односно 7 милиони евра. Значи во просек на секое лице му простиле долг од околу 91 илјада денари“, стои во соопштението на „Солидарност“ дополнувајќи дека е нејасно како е можно да се има толку висок просек на износот на отпишаниот долг по примател.
Слично
