Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Солидарност“ ги повикува невработените наставници: Не бидете штрајкбрејкери!

„Солидарност“ ги повикува невработените наставници: Не бидете штрајкбрејкери!
Левичарското движење „Солидарност“ бара од невработените наставници да не прифаќаат ангажман на замена додека нивните колеги штрајкуваат, затоа што на тој начин само ќе го саботираат синдикалното движење. „Ги повикуваме работниците од образованието кои се моментално невработени да не служат како монета за поткусурување на Владата против легитимните барања на Синдикатот за образование. Не дозволувајте за беден надомест за само два, три, пет дена да бидете алатката преку која Владата ќе ги порази вашите класни другари“, стои во соопштението од „Солидарност“. Ова движење оценува дека со најновите експресно изгласани измени на законите што се однесуваат на правото на штрајк во образованието, Владата даде најочебиен доказ дека работи против работниците на Македонија. Дојче веле денеска објави дека заради последните измени во законите за основно и средно образование, со кои се воведуваат наставници на замена за време на штрајк, Македонија се најде под лупа на Меѓународната организација на трудот. „Според веќе постоечки одлуки на Комитетот за слобода на здружување на МОТ, ангажирањето работници за прекин на штрајк, односно за замена на работниците со други, во сектор што не се смета за суштински во потесната смисла на зборот, претставува сериозна повреда на слободата за здружување. Секторот образование не се смета за суштинска служба во потесна смисла. Ако СОНК или било кој друг синидкат достави жалба против државата, таа ќе биде разгледана од Комитетот за слобода на здружување и ќе биде донесена соодветна одлука. Државата има можност да одговори на жалбата. По донесувањето на одлуката, со директно барање на МОТ се бара од државата да го измени законското решение со кое се нарушува меѓународното право. МОТ не отстапува се додека законското решение не се измени. И ако нема жалба, случајот ќе се разгледа преку редовниот систем на супервизија на МОТ, односно од Комитетот на експерти за примена на конвенциите и препораките на МОТ“, вели за Дојче веле Емил Крстановски, национален координатор на Меѓународната организација на трудот.
Слично

Поврзани вести