Економија, финансии, бизнис

Контакт

Солидарност: ДУИ има морална и политичка одговорност да се повлече од Владата

Солидарност: ДУИ има морална и политичка одговорност да се повлече од Владата
Левичарското движење Солидарност и порача на ДУИ доколку размислува да излезе од Владата, тоа јасно да ѝ го соопшти на јавноста. Од Солидарност велат дека ДУИ има морална и политичка одговорност да се повлече од Владата, која според нив, нема легитимитет. ,,Сметаме дека е разнишан уставниот поредок и демократските институции на Република Македонија и сметаме дека владата нема легитимитет да владее ниту ден повеќе!” – велат од Солидарност. Во врска со изјавата на пратеничката Ермира Мехмети, која изјави дека ако има преодна Влада, премиер би требало да биде Албанец, од организацијата сметаат дека не е важно од која националност ќе биде личноста. Според нив важно е да се овозможи враќање на демократијата и социјалната правда, и организирање слободни и демократски избори.
Слично

Поврзани вести