Економија, финансии, бизнис

Контакт

Солидарни собири за поддршка на мигрантите ширум Европа

Солидарни собири за поддршка на мигрантите ширум Европа
Јавни собири за искажyвање солидарност кон мигрантите се најавени во повеќе градови низ Европа. Луѓето се собираат и маршираат за да им дадат поддршка на бегалците, кои секојдневно го минуваат Медитеранот. Солидарниот марш  ,,Денот на акцијата”, е најавен во повеќе европски градови, на кој луѓето се собират да изразат солидарност кон мигрантите. Во Лондон се очекува на него да присуствуваат околу 90 илјади луѓе. Вакви маршови се најавени и во Берлин, Виена и Лисабон. ,, Време е да прозбориме против смртоносните граници кренати во наше име. Сакаме да ја покажеме, заедно со илјадниците други ширум Европа, својата солидарност со оние кои бегаат од војната, насилствата и деструкцијата. Сакаме да им порачаме на сите бегалци „Добредојдени сте“, се вели во повикот на протест, објавен на Фејсбук страницата „Европски ден на акција за бегалците“. Во Венеција вчера околу 1000 демонстранти учествуваа на собирот за солидарност со бегалците на настанот наречен „Демонстрација на босоногите“. Во Рим исто така се собраа околу 1 000 луѓе во парада за бегалците, а во Неапол стотици луѓе одеа боси . Во Сицилија пак, се издигнаа два големи транспаренти на Градското собрание со повеќе од 23 илјади мигранти кои загинале во последните години на патот до Европа. Напоредно на овие маршови се најавени и собири против мигрантите, на кои повикаа крајнодесничарските партии од повеќе европски градови. Во Варшава ќе се одржат два протестни собири, еден за поддршка на мигрантите и еден против. Истото е најавено и за Прага каде се очекува на солидарниот марш да присуствуваат 3 000 лица, а против околу 2 000, како и во Братислава.
Слично

Поврзани вести