ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

„СОЛ ГРУП 5“ ПОЧНА ДА ИМА ОБРТ: Фирмата во која има удел и сопругата на експремиерот Ковачевски работи, но ја нема во регистарот со лиценци

„СОЛ ГРУП 5“ ПОЧНА ДА ИМА ОБРТ: Фирмата во која има удел и сопругата на експремиерот Ковачевски работи, но ја нема во регистарот со лиценци

По три години финансиска стагнација, „Сол Груп 5“, фирмата во која еден од основачите е Елена Ковачевска, сопруга на актуелниот пратеник и поранешен премиер Димитар Ковачевски почна да има обрт – Лани забележале приходи од 838 илјади денари, а расходи од 492 илјади, со што, останала и добивка од 345.000 денари.

Не се знае дали приходот на фирмата е од друга дејност, бидејќи „Сол Груп 5“ ја нема во регистарот на компании кои имаат лиценца од Регулаторната комисија за енергетика. Во фирмата, според официјалните податоци, нема ниту еден вработен.

Фирмата е основана во 2020 година, но се до 2024 година, немаше ниту приходи, ниту пак расходи.

„Сол Груп 5“ исто така си го има откупено земјиштето во Радовиш од 1.119 метри квадратни, кое беше државно земјиште, а за кое додека Ковачевски беше премиер, Владата ја задолжи општината Радовиш да го продаде на фирмата во која удел има и Ковачевска. На тоа место требаше да се гради фотоволтаична централа со капацитет од 1,8 мегавати.


Владината одлука за продажба на 1.119 метри квадратни земјиште во радовишкото село Раклиш ја потпиша тогашниот прв вицепремиер Артан Груби, а Ковачевски тврдеше дека се изземал од гласање и не учествувал на седницата.

Освен Ковачевска, сопственици во „Сол Груп 5“ се Димитар Тренчев, кој на фирмата и има продадено свое земјиште, Кирил Паунов, син на кумот на Ковачевски, како и Светлана Тунџева, сопруга на Борис Тунџев, ексдиректорот на Агенцијата за катастар на недвижности и Здравко Тумбоски, син на бизнисменот Загорац Тумбовски. Управител на Фримата е Паунов. Фирмата според официјалните податоци, нема ниту еден вработен.

Александар Тодески

ad
Слично

Поврзани вести