Економија, финансии, бизнис

Контакт

„СОКРИЈТЕ СЕ, СРАМОТА Е, ПА СААТНИЦА ВО ГЕРМАНИЈА Е 14 ЕВРА“: Глигорова направи пресметка на трошоците, надминуваат 60 илјади денари

„СОКРИЈТЕ СЕ, СРАМОТА Е, ПА СААТНИЦА ВО ГЕРМАНИЈА Е 14 ЕВРА“: Глигорова направи пресметка на трошоците, надминуваат 60 илјади денари

Активистката Ана Глигорова, направи пресметка на потрошувачката кошничка. Според неа, истата надминува 60 илјади денари.
„Eден кг банани 80 ден.,

Лимон 0,5 кг 35

Краставици 0,5 кг 60 ден

компир 50 ден

Месо 1 кр 500 ден

Јогурт 80 ден.

Јаболко 500 г 40 ден

Овесни снегулки 60 ден

Околу 900 ден по 30 дена (цените варораат) =27 000 ден

Комуналии струја, вода парно - 6000 ден

Превоз -8000 ден, или 270 на ден

До сега -41 000

Средства за хигиена

тоалетна хартија 150 по 4= 600 ден

Детерџент за алишта- 400

Средства за миење садови - 320 ден

Сапун - 200

До сега-42 520

Потреби за деца ( облека, потреби за школо, џепарлак за ужина)-месечно за едно дете минимум 4000 ден. Две деца 8000 ден

Сега се 50 520

(Потребите за храна варираат, некој ден нема месо, па ќе се јаде нешто друго - печурки, јајца, ориз, мешан зеленчук,...). Маслото за готвење не е пресметано. Поправките на расипани куќни апарати не се внесени. Пелени за мало дете се плус трошок.)

(Пресметкава е за четиричлено или трочелно семејство, зависи кој колку има потреба од храна, бањање, чисти алишта, садови, .. Без излети, без кирија. Без годишен одмор во Охрид или Дојран, не во странство.)

Во суштина се над 60 000 денари.

Оваа пресметка е многу груба, само да се прехранат, да имаат струја, вода, да живеат во мал стан, и да не мрдаат од дома, да не викаат гости, нормално без акцизни стоки - цигари и алкохол.

Сокријте се, срамота е, под 1000 евра за едно тричелно, еве не четиричлено семејство не се поминува месец. Во превод по член би дошло 333 евра, или 18 000 ден, односно 600 ден на ден или 10 евра. Па саатница во германија е 14 евра. СААТНИЦА.

Каква нова пресметка ќе правите, еве се нудам да ви помогнам, многу рационална личност сум“, напиша таа.



Слично

Поврзани вести