Соковите на Џастин Тимберлејк закана за Кока Кола и Пепси
Компанијата Баи која можеби не е позната на интернационалниот пазар е новата закана за гигантите Пепси и Кока Кола кои во изминатите години имаат голем пад на продажбата на газирани сокови.

Баи е релативно млада компанија со бомбастичен годишен раст и во 2016-та најверојатно ќе имаат профит од 300 милиони долари, но вредноста се гледа во ангажманот на Џастин Тимеберлејк, славниот пејач и актер кој е нивно ново заштитно лице, а истовремено и инвеститор. Тоа што треба да ги загрижува гигантите е што брендот Др.Пепер вложи неверојатни 1.3 милијарди долари за дополнителен развој.
Баи соковите за кратко станаа популарни со иновативните пакувања, но и со разновидната понуда која е модерна и поздрава во однос на пијалоците кои се полни со шекери и конзерванси.
