Сојузот на синдикати на Македонија и пензионерите потпишаа Меморандум за соработка.
Меморандум за соработка денеска потпишаа Сојузот на синдикати на Македонија и Сојузот на здруженија на пензионери.
Документот претставува стратешко партнерство меѓу двете организации кои ќе се залагаат за заштита на правата на пензионерите и работниците и подобрување на пензискиот систем, обезбедување на поквалитетна здравствена заштита и ослободување и намалување на партиципацијата на лекови....
- Целите се насочени и кон остварување на правата на пензионерите и работнициите пред се преку ангажирање за примање на редовни пензии и плати, одржување на нивната реална вредност и нивно редовно усогласување согласно законот и колективните договори, изјави претседателот на ССМ, Живко Митревски пред денешното потпишување на меморандумот.
Според Драги Аргировски пак со меморандумот се обновува соработката меѓу двете организации што постои од порано.
- Оваа соработка ќе даде добри резултати посебно што на овој начин преку ССМ влегуваме во Економско-социјалниот совет каде се третираат многу теми од пензионерскиот живот, рече Аргировски, Претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери.
Слично
