Сојуз на борци: Македонија се наоѓа во најголемата политичка криза досега!
Преку соопштение денеска се огласи Сојузот на борците на Македонија кој оценува дека Македонија во моментов ја ја доживува најголемата политичка криза од постоењето на слободната македонска држава.
- Обелоденетиот податок за прислушување на над 20.000 граѓани (сеедно од кого било) е најголем удар на човековите права и слободи во земјава и укажува на целосен распад на безбедносниот систем на државата, се вели во соопштението од седницата на Главниот одбор на Сојузот на борците од НОАВМ 1941-1945.
„Најнеопходно насочување на сите општествени сили и творечка енергија во земјава за надминување на состојбите, примерно санкционирање на виновниците, реафирмирање на демократските вредности на правната држава и натамошен развој на Република Македонија“, сметаат од Сојузот на борците.
