Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сој кој го има во Уганда е откриен во Грција

Сој кој го има во Уганда е откриен во Грција

Сој на коронавирусот кој го има во Уганда е откриен во Грција. 

Ова можеби ќе значи уште едно одложување на туристичката сезона. Потврден е сојот Lineage A.23.1/Uganda кај еден пациент. Засега нема точни информации дали и колку овој пациент имал контакти со други лица, кои може да се потенцијални носители на истиот. Во Грција важи мерка на строг карантин. Британскиот сој го има во балканските земји. Тој брзо се шири во Македонија, со што околу 70 отсто од новите случаи отпаѓаат на овој сој. 

Грција ги заостри мерките за влез во земјата. На граничните премини, на сите задолжително ќе им се прави рапид тест, вклучително и на возачите на камионите, при позитивен резултат нема да биде дозволен влез, а за сите, останува обврската за потврда за негативен ПЦР тест, но и задолжителен домашен карантин од 14, наместо седум дена како што беше досега.

Слично

Поврзани вести