Економија, финансии, бизнис

Контакт

Софтверски бизнис: како „Ассеко“ прави милионски приходи?

Софтверски бизнис: како „Ассеко“ прави милионски приходи?

„Ассеко“ македонска подружница на полска софтверска компанија која е присутна на нашиот пазар лани имала приходи од 14,7 милиони евра. 

Тие се за 14 отсто повисоки од претходната 2017 година. 

Добивката на „Ассеко“ лани е 2,2 милиони евра и е за 17,4 отсто повисока од претходната 2017 година.

Ассеко СЕЕ е глобален бренд кој бележи метеорски раст во Југоисточна Европа, а ништо послабо не е ниту македонската „единица“ која создава фантастични годишни приходи. Ассеко СЕЕ се бави со изработка на софтверски решенија за банките, има софтвер и за мобилни и електронски плаќања, услуги за финансискиот сектор, сајбер безбедноста, и автоматизирани ИТ решенија 

„Фактор“ направи анализа врз официјални достапни податоци на избор од шест софтверски компании кои имаат седишта или подружници во нашата земја. Заедничко за сите нив е што им расте бизнисот односно приходите од продажба, а притоа сите се во добивка, а дел од нив имаат и солидни профитни маргини.

Заедничко за сите нив е тоа што книжат раст на приходите лани во споредба  со 2017 година. Најголем е „Сеавус“, најголем процентуален раст на приходи има „Некстсенс“, а „Ендава“ има најголем скок на профит. Ерата на дигитализација го прави своето, сите директно или индиректно сме нивни клиенти. Кај пет од шестте анализирани профитната маргина се движи од најмалку 8,6 отсто до најмногу 18 отсто.

Анализата читајте ја тука.

Слично

Поврзани вести