Економија, финансии, бизнис

Контакт

Софтверите ќе им ја земат професијата на правниците?

Софтверите ќе им ја земат професијата на правниците?

Вештчката интелигенција и автоматизацијата не им се закануваат да им ја земат професијата само на мануелните работници, туку и на правниците.

Софтверите во иднина сами ќе можат да ги склучуваат договорите помеѓу страните, односно помеѓу компаниите, физичките лица, другите организации и сл.

Нури Бехор, ЦЕО-то на LawGeex, компанија за склучување на договори, тврди дека во иднина софтверите толку добро „ќе ги познаваат прописите во правото“ што сами ќе можат да проценат точно и прецизно дали еден договор пред заверување е добар или не, односно дали може да се постигне или не.

Според Бехор, компјутерите ќе ја вршат многу побргу и поефикасно таа работа.

„Ми требаа денови да го прочитам договорот, да го споредам со базата на податоци, да видам дали и порано имало такви. Сето тоа бара многу концентрација и го истоштува правникот “, вели Бехор.

Според правниците, денеска во службата има огромен број на податоци и дека при нивното евидентирање може да погреши и компјутерот и човекот, со тоа што овој првиот работата ќе ја заври многу побрги и „без да бара одмор“.

Слично

Поврзани вести