Економија, финансии, бизнис

Контакт

Софија купува нови гробишта за 10 милиони евра

Софија купува нови гробишта за 10 милиони евра
Софиските централни гробишта ќе се прошират со уште осумдесетина декари. Со купувањето на новиот терен,  Митрополијата е на пат да го реши проблемот со немањето слободни места и да обезбеди простор за барем уште 10 година , информира бугарски„24 часа " . „Имотот е во соседство на главните гробишта во бугарскиот главен град.  Бил даден за хипотека за заем и сега е сопственост на банка. Водиме разговори со неа неколку месеци. Знаете дека проблемот со местата и можностите за проширување на другите гробишта се исцрпени. Ако финализира успешно договорот ќе обезбеди места за доста години" , објаснува заменик -градоначалникот за финансии Дончо Барбалов . Максималната цена за која Градското собрание сака да ја купи парцелата е 10,5 милиони евра . Износот нема да се плаќа одеднаш тику рати во текот на барем 3 година. Другото барање е по потпишувањето на договорот, општината да започне да го средува теренот. Според податоците на продавачот, теренот ќе обезбеди  7500 стандардни гробови, 1500 поголеми и 15 000 урни . Статистиките сепак покажуваат дека на 1 декар површина се собираат 200 гроба . Така 87.8 декари се смета дека ќе обезбедат над 17 илјади нови места. Во една третина од погребите во Софија пак телата се  кремираат .
Слично

Поврзани вести