Економија, финансии, бизнис

Контакт

СОФИЈА ЌЕ КАЗНУВА: Возилата кои загадуваат ќе бидат исклучувани од сообраќај

СОФИЈА ЌЕ КАЗНУВА: Возилата кои загадуваат ќе бидат исклучувани од сообраќај

Возилата кои испуштаат штетни гасови повеќе од дозволеното ќе бидат исклучувани од сообраќај. 

Тие нема да може да се возат додека сопствениците не ги доведат во границите на дозволеното нивото на штетни честички.

На сообраќајната полиција ѝ се доделени пет уреди од градските власти со кои ќе се мери нивото на штетни гасови.

Досега вакви уреди во Бугарија се користеа само при регистрација на возилата.

Оваа мерка е донесена од градските власти во рамки на активностите за намалување на загадувањето на воздухот.

Експертите велат дека во земјата  60 отсто од загадувањето на воздухот е поради старите дизел автомобили.

фото Википедија

Слично

Поврзани вести