Економија, финансии, бизнис

Контакт

Социјалните проблеми стојат за меѓуетничките конфликти во Македонија?

Социјалните проблеми стојат за меѓуетничките конфликти во Македонија?
Зад голем дел од она што го гледаме како меѓуетнички конфликти во Македонија, всушност стојат длабоко вкоренети социјални проблеми кои мора да ги решавме, вели политичкиот аналитичар Сашо Клековски во интервју за Радио Слободна Европа. Тринаесет години по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, Клековски верува дека безбедноста е зголемена, но оти придобивките мора да се спуштат и кон посиромашните општествени слоеви. „Доколку нема намалување на невработеноста, на сиромаштијата, конфликтниот потенцијал повторно ќе се јави. Да дадам само еден пример од Општина Липково. Општина Липково според последните достапни податоци, 95 отсто од околу 30 илјади жители колку што има општината се со осмолетка или со помалку од осмолетка, најголем дел се невработени, такви општини има уште неколку во северна Македонија. И во една таква социо-економска структура, лесно е да запалите, да поттикнете конфликт“, вели Клековски.
Слично

Поврзани вести