Економија, финансии, бизнис

Контакт

Социјалци – што им нуди СДСМ, а што ВМРО-ДПМНЕ?

Социјалци – што им нуди СДСМ, а што ВМРО-ДПМНЕ?
Ветување на СДСМ СДСМ во изборната програма ветува зголемување на социјалната парична помош за  40%. „Ќе воведеме обврска за државните институции за бесплатно обезбедување на целокупната документација за остварување на правата по однос на социјална заштита. За таа цел ќе биде направена целосно интегрирана интернет апликација, стои во изборната програма. Корисниците на социјална парична помош и постојана парична помош ќе ги ослободиме од плаќање нарадиодифузна такса. Дополнително се најавува Закон за социјална заштита од енергетска сиромаштија, со кој одредени категории ќе добиваат по 1.500 денари месечно (наместо сегашните 700 денари).Односно, ова ќе важи за : „Корисници на постојана социјална парична помош. Семејства во кои нема ниту еден вработен, кои не се корисници на постојана социјална парична помош и немаат друг извор на приходи. Потоа, семејства во кои има невработено лице, или лице кое е корисник на паричен надомест за невработеност кој е во висина на социјална парична помош и тоа е единствениот приход на домаќинството.Исто така оваа парична помош за енергетска сиромаштија ќе ја добиваат и семејства со повеќе од два члена, од кои еден пензионер со минимална пензија (прва група) и таа е единствен приход на домаќинството. Но, и семејства со повеќе од два члена, од кои само еден е вработен со минимална плата и нема други приходи во домаќинството,“ е наведено во партискта програма на СДСМ.  Во програмата на оваа партија пишува и дека ќе се зголеми паричната помош за сместување во згрижувачко семејство за 45%, а за 40% ќе биде зголемена паричната помош за лице кое до 18-годишна возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа, а после тоа до 26-годишна возраст нема приход и имот за издржување. „Ќе направиме реформа на центрите за социјална работа, со воведување на семеен социјален работник за секој граѓанин во социјален ризик. Со оваа мерка се воведува метод на следење на семејството на кое му треба различна поддршка за да излезе од сиромаштија. Тој индивидуален пристап дава одлични резултати во развиените социјални држави“, стои во партиската програма на СДСМ. Процедурите и постапките за стекнување на правото за користење на оваа помош ќе бидат едноставни, при што граѓаните нема да се оптоваруваат со непотребни трошоци. А се потенцира дека ќе се воведепрогресивност во плаќањето на важни јавни услуги. „На пример, месечниот надомест за одење на дете во градинка, за семејство чии месечен приход е една минимална плата не може да биде ист со оној на семејство со приходи неколкукратно повисоки од просечните. За првото семејство ќе се воведе економска стипендија, која ќе значи ослободување на дел од плаќањето на месечната рата за детето во градинка (кај најсиромашните граѓани и до 90%, е наведено во програмата на СДСМ. Од СДСМ најавуваат и зголемување за 60% детскиот додаток и посебниот додаток за дете во период од 4 години. Ветување на ВМРО-ДПМНЕ ВМРО-ДПМНЕ во изборната програма ветува зголемување на социјалната помош по 5% годишно, со исплатата за јуни секоја година. Тоа е пораст на социјалната помош од вкупно 21,5%. Буџетот за оваа намена ќе изнесува  10,2 милиони евра. Во програмата се ветува и зголемување на постојаната парична помош по 5% годишно, со исплатата за јуни секоја година, што е пораст од вкупно 21,5%. При тоа буџетот за оваа намена е 2,5 милиони евра. Децата од семејства во социјален ризик и децата без родители и натаму ќе имаат бесплатни тренинзиво соработка со фудбалската, пливачката и кошаркарската федерација на Македонија. И ќе се прошират и со обезбедување на бесплатни тренинзи за ракомет, одбојка, карате и многу други спортови во соработка со спортските федерации и здруженија. Ослободување од плаќање на радиодифузна такса на примателите на социјална парична помош за секое семејство. Ќе направиме законски измени со кои овие семејства во социјален ризик ќе бидат ослободени од уште една давачка со што ќе го подобриме нивниот живот. Ученици од средните училишта кои потекнуваат од семејства корисници на социјална парична помош, ќе добиваат по 12 илјади денари годишно, но ќе мора редовно да одат на училиште и да немаат неоправдани изостаноци од часовите, како и да одат на редовен здравствен преглед секој месец“ ВМРО-ДПМНЕ ветува ветува зголемување на субвенциите за енергетска сиромаштија. „ Во наредниот период ќе го зголемиме субвенционирањето за заштита од енергетска сиромаштија при што во 2015 година ќе изнесува 800 денари месечно, во 2016 година ќе изнесува 900 денари месечно, а во 2017 и 2018 година ќе изнесува 1000 денари месечно, стои во изборната програма на партии. Н.С.
Слично

Поврзани вести