„Социетас Цивилис“: Во македонското Собрание не се дебатира
На седниците на Собранието ретко доаѓа до размена на мислења и ставови околу законските предлози. Малиот број на реплики и контрареплики по излагањата на пратениците не овозможуваат преку дебата да се тестира валидноста и издржаноста на изнесените аргументи од говорниците со што би се добиле поквалитетни одлуки во прилог на општото добро и јавниот интерес.
Ова се дел од основните наоди во првиот извештај од мониторингот на квалитетот на дебатата во Собранието кој го изведува Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ во рамки на проектот „Собранието под лупа, засилување на политичката дебата и делиберативниот дискурс“.
Според податоците добиени од анализата на говорите на 20 собраниски седници во периодот од 19 јуни до 3 август пратениците кои земале збор во најголем дел ги аргументираа своите позиции со 2 и повеќе од 2 аргументи. Во овој тие не покажаа голем интерес за аргументите изнесени од други пратеници, ниту подготвеност за менување на своите ставовите и позиции поради други подобри аргументи изнесени во текот на дебатите. Од вкупниот број на актите на говор во 84,4% случаи се работело за поединечни говори на пратеници. Само 6,9% од говорите биле реплики и 8,8% контрареплики.
Карактеристично за овој период е што во работата на Собранието не учествуваат најголемиот дел од пратениците на опозициската коалиција предводена од СДСМ кои одлучија да ја бојкотираат работата на парламентот, се наведува во извештајот.
Учесниците во парламентарните расправи во најголем дел, односно во 88,4% од говорите, се повикувале на тоа дека нивните позиции и ставови се во насока на општото добро и интересите на сите граѓани. Само во 1,3% се повикале на апстрактни принципи, како социјална правда, мир, еднаквост, квалитет на живеење и сл. Во 5,3% од говорите пратениците се повикале на можни придобивки или последици за својата етничка или политичка група. Во 1,6% од говорите се повикале на можни придобивки или последици и за други групи и во 3,4% од говорите пратениците не се повикале односно не се осврнале во чија корист или во чиј интерес ги изнесуваат позициите и ставовите.
На мониторираните седници пратениците само во ретки случаи употребиле послаби форми на недоличен говор што заедно со малиот број на прекини и ограничувања укажува на моментална ниска поларизираност во работата на Собранието.
Проектот „Собранието под лупа, засилување на политичката дебата и делиберативниот дискурс“ го водат Институтот за демократија и италијанскиот Институт за Централна, Источна Европа и Балкан и е финансиран од Европската Унија.

Слично