Собраниска расправа за приходите на Регулаторна
Собранието во рамки на 45-та седница, денеска расправа за Предлог-одлуката за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход на носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности за финансирање на работењето на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија за 2013 година.
Како што објасни претседателот на Регулаторната комисија, Димитар Петров, процентот на зафаќање за 2013 година ќе изнесува 0,037 отсто од вкупниот приход остварен во 2012 година на носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности, според податоците од Централниот регистар на Република Македонија.
Во мислењето што Владата го испрати до Собранието се наведува дека во споредба со 2012 година, процентуалното зафаќање е помало за 0,004 проценти.
Приходите се планирани во вкупен износ од 67.392.870 денари. По основ на планиран приход од надоместок на друштвата кои вршат енергетска дејност во 2012 се планира да се остврат 56.119.420 денари. Расходите се планирани во рамки на утврдените приходи.
Во мислењето се укажува до Регулаторна дека не постои голема оправданост за зголемување на непродуктивните расходи додека во материјалот не се прикажани податоци за платите на членовите на Регулаторната комисија за енергетика и на вработените, како и надоместоците за членовите на Комисија за жалби и нивните заменици. Пратениците од НСДП, соопштија дека нема да гласаат за оваа одлука бидејќи процентот предложен од Регулаторна е превисок. Претходно Собранието го именува Гуле Гулев за член на Советот на МРТ.
Слично
