Собраниска комисија утре расправа за мандатите на опозицијата
Мандатите на пратениците од опозицијата утре се на дневен ред на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Таа треба да го разгледа списокот со отсуства на пратениците од седниците на Собранието, изготвен од генералниот секретар, и да предложи заклучок до целиот собраниски состав.
Мандатите на опозициските пратеници се единствена точка на дневен ред за Комисијата. Според Деловникот, утре е последен ден до кога членовите на Комисијата треба да донесат предлог за одземање или не на пратеничките мандати, односно да решат дали опозициските пратеници кои шест месеци не се во Собранието се оправдано или неоправдано отсутни.
Нивниот заклучок потоа ќе се најде на пленарна седница во Собранието. За да се усвои заклучокот, за него треба да гласаат најмалку 82-ца пратеници.
Слично
