СОБРАНИСКА КОМИСИЈА: Се одземаат мандатите на опозициските пратеници!
Собраниската комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања ја почна седницата на која расправа по извештајот за отсуствата на пратениците од работата на Собранието.
Досега едногласно одлучува да се одземаат мандатите на опозициските пратеници, кои повеќе од шест месеци ја бојкотираат работата на законодавниот дом.
Се расправа за мандатите на вкупно 31 пратеник од опозицијата, а за секој од нив се гласа поединечно.
„Вкупно 31 пратеник од опозицијата во период од шест месеца од 10. јуни до 10. ноември отсуствувале на вкупно 40 седници. Тие не учествувале на седниците , не го известиле претседателот на Собранието за отсуствата, поради што констатираме дека биле неоправдано отсутни“, рече претседателот на Комисијата Александар Николовски.
Ваквиот заклучок на собраниската Комисија, потоа ќе биде доставен на пленарна седница, каде за негово конечно усвојување ќе бидат потребни гласовите на најмалку 82-ца пратеници.
Слично
