Економија, финансии, бизнис

Контакт

Собранието во Косово изгласа недоверба на Владата на премиерот Иса Мустафа

Собранието во Косово  изгласа недоверба на Владата на премиерот Иса Мустафа

Собранието во Косово  изгласа недоверба на Владата на премиерот Иса Мустафа, на барање на опозицијата.

За соборување на Владата гласаа 78 пратеници, против 34, а воздржани беа 3 пратеници. За паѓање на Владата беа потребни мнозинство од гласовите односно 61 пратеник. За соборување на Владата гласаа и пратеници на Демократската партија на Косово, на шефот на државата Хашим Тачи.

Во Парламентот неколку часа имаше расправа, двете владеачки партии меѓусебно се обвинуваа за неред, недостаток на координација и одлучување и коруптивни афери од претходно.

Официјална Приштина сега е во очекување на предвремени парламентарни избори. 

Мустафа кажа дека не сака избори во јуни за време на Рамазан. 

Слично

Поврзани вести