Собранието си ги лапна назад парите за ВМРО-ДПМНЕ
Парите што требаше да им следуваат на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за референдумска кампања нема да бидат искористени за ништо, односно нема да бидат пренаменети и же се вратат назад.
Претходно ВМРО-ДПМНЕ со допис до собранискиот спикер Талат Џафери побара средствата да се искористат за други цели, односно дека не ги прифаќаат парите за пропаганда и убедување во пресрет на граѓанското изјаснување.
Владата префрли средства во висина од 80 милиони денари до Собранието како официјален предлагач и распишувач на референдумот.
„Алоцираните финансии исклучиво ќе бидат користени само за намената за која се распределени средствата, односно за кампањата којашто ќе биде спроведена од страна на 71 пратеник коишто се изјасниле дека се во коалицијата ЗА референдумот, што претставува 59% од времето за привилегирано платено рекламирање во медиумите.
Оттука информираме дека остатокот од алоцираните финансии за референдумска кампања, односно финансиите наменети за 41% од пратениците коишто во писмото до претседателот на Собранието се изјаснија дека бараат средствата за кампања да се пренаменат за други цели, истите не може да се пренаменат за други цели, односно истите ќе останат неискористени“, пишува во соопштението од Собранието.
