Економија, финансии, бизнис

Контакт

СОБРАНИЕТО СЕ РАСПУШТИ: Емил Димитриев ќе формира нова влада

СОБРАНИЕТО СЕ РАСПУШТИ: Емил Димитриев ќе формира нова влада

Мандатот за нов премиер на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев денеска му беше врачен од страна на претседатело на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов.

Премиерскиот мандат за формирање на нова влада, Димитриев го доби само еден час откако Собранието ја  усвоена оставката на Никола Груевски .

timthumb (1)

Веднаш потоа, со 73 гласа „за” собранието се самораспушти.

Премиерот на преодната влада вечерва во 22 часот треба да се обрати во Собранието и да го претстави составот на преодната влада во која ќе влезат и министри на СДСМ.

Димитриев треба да биде премиер во текот на 100 дена, по што треба да се одржат изборите.

Во врска со датумот на избори, владејачката коалиција инсистира тоа да биде 24 април.

Од друга страна пак, СДСМ денеска децидно одговорија дека нема да учествуваат на избори се додека не се прочисти избирачкиот список  и  додека не се реши медиумското прашање.

Еврокомесарот Јоханес Хан пред неговото заминување предупреди дека партиите мора да најдат компромис и да одредат датум за избори, бидејќи, како што рече, тоа е единствениот излез од кризата.

Слично

Поврзани вести