Економија, финансии, бизнис

Контакт

Собранието се распушта в среда

Собранието се распушта в среда
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски за в среда ја закажа 87 седница на Парламентот, со единствена точка на дневен ред- Иницијативата на ДУИ за распуштање на овој собраниски состав и распишување предвремени парламентарни избори. Оваа иницијатива ДУИ ја поднесе во саботата, а како причина ги наведе блокираните евроатлантски интеграции, но и одлуката на нивниот досегашен коалициски партнер ВМРО-ДПМНЕ да не ја поддржи нивната иницијатива за консензуален кандидат на претседателските избори. Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски возврати дека „ја прифаќа фрлената ракавица“ и оти неговата партија исто така ќе го поддржи распуштањето на Собранието. Според најавите, предвремените парламентарни избори би се одржале на 27 април, заедно со вториот круг од претседателските избори.
Слично

Поврзани вести