Економија, финансии, бизнис

Контакт

Собранието се распушта на 7 април, потврди Вељаноски

Собранието се распушта на 7 април, потврди Вељаноски

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски потврди дека Собранието ќе биде распуштено на  7-ми април, а изборите ќе се одржат  на 5-ти јуни.

Ова го соопшти во интервју за телевизијата „Нова“.

„Значи на 6 април до вечерта може до полноќ да работи Собранието согласно Одлуката за измена на Одлуката за распуштање на Собранието. Уште два дена се  работни кај што може Собранието да носи закони, вклучувајки нели и овој избор на министри и заменици министри. Јас очекувам да има нормален тек овие денови, она што е стигнато да се заврши низ собраниската процедура да се изгласат закони и секако на 7-ми април утрото Собранието да биде распуштено и согласно моите надлежности јас да распишам избори за 5-ти јуни“-рече тој.

На народните избраници им остануваат уште два работни денови.

Слично

Поврзани вести