Собранието расправа за повеќе предлог закони
Комисите за зземјоделство, шумарство и водостопанство, за труд и социјална политика, за прашањата на изборите и именувањата и Законодавно-правната комисија денеска во законодавниот дом ќе одржуваат седници.
Имено, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе расправа за предлог - законите за изменување и дополнување на Законот за земјоделско земјиште и на Законот за безбедност на храната, како и Предлог - законот за престанување на важењето на Законот за водните заедници, сите во второ читање.
Члановите на Комисијата за труд и социјална политика треба да го разгледаат Предлог-законот за изменување на Законот за социјалната заштита, во второ читање.
На Комисијата за прашањата на изборите и именувањата ќе се утврдува мислење по Предлог-правилникот за внатрешна организација на Службата на Собранието на Република Македонија и по Предлог-правилникот за систематизација на работните места во Службата на Собранието на Република Македонија.
Законодавно-правната комисија на дневен ред, меѓу другите, ги има предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната, на Законот за земјоделското земјиште, Предлог - законот за престанување на важењето на Законот за водните заедници, Предлог-законот за изменување на Законот за социјалната заштита, сите во второ читање, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, во прво читање.
