Собранието под лупа: Четврт извештај од мониторингот на медиуми
Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) и Институтот за Источна и Централна Европа и Балканот (ИЕКОБ) почнувајќи од јуни 2014 до март 2015 година го следат нивото на квалитет на дебататa во Собранието и известувањето на медиумите за работата на пратениците. Мониторингот се одвива во рамките на проектот „Собранието под лупа, засилување на политичката дебата и делиберативниот дискурс“ финансиски поддржан од Европската Унија.
Четвртиот извештај кој се однесува на известувањето на 10 национални медиуми, во периодот од 1 – 31 декември 2014 го забележува следново:
Парламентарните седници на кои се расправаше за одземањето на мандатите на опозицијата и за измените на законот за високо образование го добиле медиумското внимание во декември. Меѓутоа и покрај овие теми медиумите во овој период повторно најмногу го споменувале Собранието во контекст на бојкотот на опозицијата и генерално на пошироките политичките односи во државата.
Генерално во декември јавноста само во мал дел е информирана за случувањата во Собранието кои се однесуваат на точките од дневниот ред околу кои ги разгледуваат пратениците и аргументите кои се изнесуваат на седниците во прилог или против законските решенија.
Во декември се намалил процентот на информации во медиумите во кои како извори се наведени пратеници од само една политичка опција, а се зголемил процентот во кои се наведени истовремено пратеници и од власта и од опозицијата.
Ова се дел од наодите во Четвртиот извештај од мониторингот на медиумското известување за работата на Собранието спроведен во периодот од 1 до 31 декември.
Со истражувањето се опфатени објавени текстови и прилози на следните медиуми: Дневник, Утрински весник, Вечер, Слободен печат, Коха, Лајм, Сител, Телма, Алсат-М и МРТ2 програма на албански јазик. Мониторингот е дел од проектот „Собранието под лупа, засилување на политичката дебата и делибератививниот дискурс“ финансиски поддржан од Европската Унија.
