Економија, финансии, бизнис

Контакт

Собранието на ден пред распуштање: „Шестката“ и буџетот ако не ги скараат пратениците нема кој!

Собранието на ден пред распуштање: „Шестката“ и буџетот ако не ги скараат пратениците нема кој!

Парламентот е на чекор од самораспуштање.

Прво решение за „шестката“ и буџетот па тогаш закажување на избори.

Токму овие две прашања утре ќе се најдат на маса пред пратениците .

Според некои најави од партиите кои ги пласираа дел од медиумите најверојатно Дебар ќе се пресели во петката и ќе се затвори прашањето за незаконската шеста изборна единица пред изборите.

Засега нема конкретен проблем за шестата изборна единици, но пратеничките групи како што пренесе 24 вести велат дека нема конкретен предлог и очекуваат тоа да се договори на координацијата кај Вељаноски в понеделник, но не очекуват да биде проблем. 

Она што може да предизвика поголем проблем на утрешната седница сепак е носењето за буџетот за 2017. 

Власта повеќе од очигледно е дека сака да го протне пред избори, додека опозицијата вели буџетот да го носи идната влада.

Слично

Поврзани вести