Собранието ќе потроши над 52 илјади евра за хотелско сместување низ Македонија
Собранието потпиша договор за хотелско сместување, за што во една година ќе потроши 52.660 евра. Тендерот го потпиша собранискиот спикер Африм Гаши во мај годинава, а најнизок понудувач била една од најпознатите македонски туристички агенции, фирмата Фибула Ер Травел од Скопје.
Според тендерот, понудите за хотелско сместување треба да се однесуваат на хотели во Македонија, со најмалку четири ѕвезди, но да има на располагање и конференциска сала за бројот на побарани учесници за групни настани, или без конференциска сала, ако се работи за индивидуално сместување.
Понудата треба да има и три хотели на располагање, за Собранието да си го одбере оној кој најмногу им одговара, но доколку местото каде ќе биде патувањето нема три хотели со минимум четири ѕвезди, тогаш ќе прифатат и понуда која има помалку од три хотели.

Иако не се работи за рамковна спогодба, Собранието остава простор да не се истрошат сите пари, но остава и простор парите за хотелско сместување во Македонија да ги истроши порано од предвидениот рок од една година.
Александар Тодески
