Собранието ќе одлучува за мандатите на опозицијата
Со само една точка на дневен ред, „Предлог за одземање мандати на пратеници“, во петок Собранието на Република Македонија ќе одржи седница на која ќе одлучува за одземање на мандатите на пратениците од опозицијата.
Предлогот за одземање на мандатите на 31 пратеник кој што опозициската СДСМ и коалицијата ги освоија на последните парламентарни избори на втори декември го предложи Комисија за деловничко и мандатно-имунитетни прашања.
Ваквиот предлог е донесен врз основа на извештај за отсуствата на пратениците од овој состав за период од шест месеци, изготвен од генералниот секретар на Собранието за што е подготвен извештај според кој утврдено било дека во периодот од 10 мај до 10 ноември, 31 пратеник не присуствувале не учествувале, ниту пак го известиле претседателот на Собранието дека оправдано ќе отсуствуваат од 40 седници.
Комисијата Предлог-одлуката ја достави до претседателот на Собранието Трајко Вељановски.
Слично
